Според одреден дел од спортските медиуми во Романија, голманката на нивниот преставник во елитната европска лига Маиса Песоа ќе биде нов член на ЖРК Вардар. Бразилската интернационалка од екипата на ЦСМ Букурешт според нивните информации веќе има едногодишен договор со црвено-црните, плус има и можност истиот да се продолжи по договор на двете страни за уште нови 12 месеца.
Вардар моментално на голот ја има одличната Амандин Лејно, таа го продолжи договорот и Ина Суслина која и ако е ветеран брани во извонредна форма. Маиса Песоа е квалитетна голманка која само може да донесе повеќе сигурност во нашиот шампион. Исто така Драгана Петковска е член на црвено-црните, таа е млад талент и голема надеж на нашиот домашен ракомет. Дали ова засилување ќе се обвистни, ќе покаже времето..