Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити во недела самоорганизирано со автомобили патуваат за Турново
Комити во недела  самоорганизирано со автомобили патуваат за Турново

Комити во недела самоорганизирано со автомобили патуваат за Турново

Првото коло оваа пролет на црвено-црниот фудбалски колектив мина, на истиот во текот на целиот меч доаѓаше континуирана поддршка од западната трибина за избранците на Гоце Седлоски. Комити запад беа 12-ти играч на Вардар во мечот со тетовската екипа Ренова.

Веќе во недела повторно на програмата прволигашки фудбал, овој пат црвено-црните гостуваат кај екипата на ФК Хоризонт Турново. Како и на секој така и на овој меч Комити ќе заминат на оваа дестинација на југот од нашата земја за да дадат безрезевна поддршка за својте миленици. Мечот ќе се одигра  на 28/02/2016, во недела  со почеток во 14:00 часот. Комити ќе патуваат најверојатно доколку нема некоја промена, самоорганизирано со автомобили во еден навивачки караван од Скопје па се до село Турново.