Генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година во сабота ги продолжуваат натпреварите во рамките на регионалната-скопска лига. Противник на црвено-црните ќе биде екипата на Шкупи, мечеви кои ќе се одиграат на теренот во Драчево.
И двете вардарови генерации во изминатиов период успеаа да обезбедат финале во купот на Македонија, откако успеаа во полуфиналето да ги елиминираат екипите на А.Пандев, односно Шкендија. Во претходното коло пак забележавме победи во дуелите со Њу Старс и останавме на врвот на табелата.
Во есенскиот дел, генерацијата 2004 на Вардар на домашен терен го совлада убедливо Шкупи со резултат 4:1, додека генерацијата 2005 исто така ги совладаа врсниците од Чаир, забележувајќи победа со резултат 4:2. Мечевите во сабота ќе стартуваат во термините од 14:00 и 15:30 часот.