Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > Slider > Русија поразена, Кристопанс со победа, додека Милосављев и Карачиќ со „братска“ поделба на бодовите
Русија поразена, Кристопанс со победа, додека Милосављев и Карачиќ со „братска“ поделба на бодовите

Русија поразена, Кристопанс со победа, додека Милосављев и Карачиќ со „братска“ поделба на бодовите

Осум ракометари на Вардар во текот на вчерашниот ден беа активни со своите репрезентации, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Русија за која настапија пет играчи на Вардар, беше поразена на домашен терен од селекцијата на Унгарија. Долго време во првото полувреме гледавме израмнета игра, Русија немаше поголема предност од еден гол, додека Унгарците во еден момент имаа два гола позитива. Сепак избраниците на Кокшаров потклекнаа во последните десет минути од првото полувреме, кога успеаа да постигнат само еден гол, напротив Унгарија која врза пет погодоци во серија, што им овозможи на полувреме да имаат солидна предност од 10:15.

Унгарија имаше целосна контрола на резултатот во вториот дел и заслужена стигна до победата, за разлика од русите кои не успеваа да се вратат во игра. Унгарија стигна и до плус девет гола позитива (11:2о), додека најмногу што успеа Русија да стори е да намали на пет гола негатива (17:22). На крајот гостинската репрезентација триумфираше со резултат 19:25.

vardarfans-gorbok

Тројца играчи на Вардар се запишаа во листата на стрелци. Дибиров беше најефикасен кај руската репрезентација со 5 голови, додека Киселев постигна 3, а 1 гол додаде и Горбок. За напомена е дека Горбок и Шишкарев поради повреди не влегле во игра во вториот дел, дополнително ќе биде познато за каков вид на повреди станува збор.

Интересен натпревар во преполната „Штарк арена“ одиграа селекциите на Србија и Хрватска, кои на крајот ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 25:25. Во најголем дел од првото полувреме избраниците на Червар беа во предност, највисоката беше три гола разлика (2:5) во 12 минута од мечот. Сепак како течеше првиот дел, Србија се ослободи од почетниот притисок, стигна до нерешени 9:9 на пет минути пред крајот на првиот дел, а до истекот на првите 30 минути се играше гол за гол, па така на одмор се замина со резултат 13:13.

Избраниците на Ненад Перуничиќ добро играа во првите 12 минути од вториот дел кога се стекнаа и со водство од 19:17, но Хрватска влезе во серија од 1:4 и поведе со 20:21. Во последните десет минути гледавме израмнета игра, во која Србија имаше повеќе шанси за победа. Најпрво србите поведоа со 25:24, за Хрватска преку Дувњак да го израмни резултатот. До крајот на мечот останаа 15 секунди, кои Србија не ги искористи за да постигне гол, па така дуелот ззаврши со поделба на бодовите.

Милосављев имаше свој придонес во освоениот бод, вардаровиот голман мечот го заврши со 6 одбрани, додека кај Хрватска се истакна Игор Карачиќ кој беше стрелец на 3 голови.

До триумф на овие квалификациски натпревари стигна Даинис Кристопанс кој со репрезентацијата на Летонија славеше на гостувањето кај Естонија. Домашната селекција по првиот дел беше во водство од 11:10, но Летонија во второто полувреме се покажа како поквалитетен состав, кој на крајот славеше победа со резултат 18:24. Кристопанс мечот го заврши со 3 погодоци.