Во рамките на 20. првенствено коло кај младинските категории, фудбалските екипи на Вардар за противник ја имаат екипата на Брегалница. Кадетите и младинците во сабота гостуваат во Штип, додека пионерските екипи се домаќини во недела на теренот на Академијата.
Пионерските екипи водат голема борба за трофејот, па триумфот на овие мечеви е повеќе од неопходен за двете генерации. Помладите пионери во есенскиот дел успеаа да го совладаат тимот на Брегалница на истиот терен и тоа убедливо со резултат 4:1, додека во второто пролетно коло црвено-црните славеа и на гостувањето во Штип, кога триумфираа со резултат 1:2. Позитивен биланс оваа сезона со овој противник имаат и пионерите, кои исто така остварија две победи. Најпрво на теренот на Академијата, црвено-црните беа подобри со резултат 3:2, додека и во Штип ги однесовме трите бода кога бевме исто така пуспешни, славејќи триумф со резултат 0:2.
Кадетите ќе се обидат да се вратат на победничките патеки, откако на претходните два натпревари освоија само бод. Што се однесува до дуелите со штипска Брегалница оваа сезона, вардарци на дватга одиграни меча забележаа две победи. Поубедливи бевме на гостувањето, кога славевме со 0:4, додека во пролетниот дел со голот на Манасиевски победивме минимално.
Младинците се фаворити за освојување на нови бодови и продолжување на шансите за шампионската титула. На истиов терен каде утре треба да одиграме нов меч, славеше Вардар со резултат 0:2, додека пролетва, го „торпедиравме“ противникот кога постигнавме дури девет голови во нивната мрежа.
Натпреварите во сабота и недела стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.