Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започнаа натпреварите на турнирот “Спортуваме-среќни сме“ во организација на Гази Баба, Вардаровите генер. “2006“ и “2007“ се дел од овој турнир
Започнаа натпреварите на турнирот “Спортуваме-среќни сме“ во организација на Гази Баба, Вардаровите генер. “2006“ и “2007“ се дел од овој турнир

Започнаа натпреварите на турнирот “Спортуваме-среќни сме“ во организација на Гази Баба, Вардаровите генер. “2006“ и “2007“ се дел од овој турнир

Од 23-25-ти декември во спортската сала при ОУ „Наум Наумовски – Борче“ во општина Гази Баба, под мотото „СПОРТУВАМЕ – СРЕЌНИ СМЕ“, ќе се одржи третиот турнир во фудбал помеѓу фудбалските екипи членови на ОФС Гази Баба. На овој турнир ќе учествуваат екипи во генерации родени “2006“ и “2007“ година и тоа по 12 екипи во двете возрасни генерации, кои ќе бидат поделени во четири групи по три екипи.

На овој турнир се натпреварува и Вардаровата генерација родени “2006“ година под водство на тренерот Филип Арсовски. Ждрепката сакаше двете екипи на оваа наша генерација Вардар (1) и Вардар (2) да се најдат во иста група. Во текот на вчерашниот ден се одиграа и првите натпревари во нашата група. Во првиот меч меѓусебно се сретнаа Вардар (1) и Вардар (2), а посупешен беше Вардар (1) кој славеше со резултат 5:1. Уште еден натпревар одигра Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Арена Спорт. Нашите млади надежи славеа на воој дуел со резултат 2:1. Филип Симоновски и Андреј Стефковски беа стрелци на головите за Вардар. Утрово се одигра и последниот натпревар од нашата група, а во него се сретнаа екипите на Вардар (1) и Спорт Арена. Уште еден убедлив триумф за Вардарци, овој пат о резултат 6:0. Дарко Сековски постигна хет-трик, два гола беа дело на Давид Голубов додека во листата на стрелци се запиша и Стефан Коловски.

Своите натпревари од групата денеска ќе ги одигра и Вардаровата генерација “2007“ на Зоран Петковски, која исто така ќе учетвува со две екипи.

Само првите пласирани од четирите групи во двете возрасни генерации ќе обебезбедат место во полуфиналето на овој турнир.