Во Република Србија се одигрува силен меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола. “Функ Арената“ е место каде се оддржува Војводински Гран при-2016. Кугларскиот клуб Вардар има преставник на овој турнир, Влаќевски Бојан. нашето момче кое царува заедно со Димитровски во македонското куглање се пласираше во денешното финале заедно со уште 23 други учесници. Во текот на вчерашниот ден тој одигра одлично во првата серија имаше 590, а во втората 614 “соборени дрва“. Повисокиот резултат се земаше за квалификување, тој беше сосема доволно да се пласира во финалето денес. Финалниот настап на Бојан почнува точно во 12-00 часот и од истото ќе имаме прилика да гледаме директен пренос преку видео стрим.
Преносот од настапот на нашиот куглар Влаќевски во живо, преку видео стрим може да го погледнете на овој линк-ТУКА