Во соседна Србија се одигрува силен меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола. Турнирот се огранизира во “Функ Арената“ која фунционира во Бачка Топола, именуван е како Војводински Гран при-2016. Според пропозициите веќе се играа квалификациите. Вардар имаше преставник на овој турнир Влаќевски Бојан.
Tурнирот е признаен од светската кугларска федерација (WNBA/NBC) и се бодува како официјален за светската ранг листа, ова е турнир од т.н А-класа. Тој одигра одлично во првата серија имаше 590, а во втората 614 “соборени дрва“ сосема доволно да се пласира во утрешното финале и да се бори за пиедесталот. Во финалето утре, сабота од 11-00 часот играат 20 куглари кои се квалификувале и 4 поканети од организаторот. Потоа во 16-45 часот ќе има Супер финале во кое ќе играат шестте науспешни од финалниот дел, истото ќе го судат интернационални судии од светската федерација. Бојан се надеваме дека ќе не израдува со нов успех.