Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во јануари на програмата Зимскиот ракометен турнир „Вардар-Еден живот една љубов”.
Во јануари на програмата  Зимскиот ракометен турнир „Вардар-Еден живот една љубов”.

Во јануари на програмата Зимскиот ракометен турнир „Вардар-Еден живот една љубов”.

Есенската полусезона во  големиот ракометен црвено-црн проект вардаровата Јуниор лига веќе е зад нас. По крајот на 6.коло следува зимска пауза во лигата, но нема да престанат натпреварувањата во организација на ракометната академија на ракометниот клуб Вардар. Следно што ќе се одржи е Зимскиот турнир „Вардар-Еден живот една љубов”.

фотографија на Ракометна Академија Вардар/Rakometna Akademija Vardar

Тој сезонава ќе се одржи во втората половина од месец  јануари 2017 година. На ќе  учествуваат сите момчиња и девојчиња кои тренираат ракомет во школите кои се дел од Ракометната академија Вардар. Односно тие кои се дел од Јуниор лигата, но и тие чии школи се дел од Академијата на клубот, но неучествуаат во лигата.  Оние  650 деца  кои учествуваат во Вардар Јуниор лигата ќе одмараат од лига системот  се до февруари 2017 година, но дотогаш нашите најмлади ракометари имаат нов предизвик за докажување. Голем настан сите нив ги очекува на овој турнир во  организација на Ракометната академија Вардар- турнирот „Еден живот една љубов”. Според планот во два викенди Скопје ќе  пулсира во ракометен црвено-црн ритам.