Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три Вардарови генерации дел од фудбалскиот турнир “Фер Плеј куп“ во Охрид
Три Вардарови генерации дел од фудбалскиот турнир “Фер Плеј куп“ во Охрид

Три Вардарови генерации дел од фудбалскиот турнир “Фер Плеј куп“ во Охрид

Од 19-21-ви август во градот Охрид ќе се одржи традиционалниот меѓународен турнир “Фер плеј куп“ за младински фудбалски категории. Се очекува учество да земат повеќе од 1800 деца со своите екипи од 8 различни земји, кај генерации родени од 2003-2007 година.

Своето учество на овој силен турнир го потврдија Вардаровите генерации родени “2005“ година и тоа интересно со две екипи, предводени од тренерот Игор Кралевски, потоа генерација “2006“ и најмладите шампиони во детската лига за изминатава сезона, тоа се момчиња родени “2007“ година. Филип Арсовски како тренер повторно ќе ја има можноста да се бори за прво место на овој турнир, но сега со различна генерација. Минатата година, генерацијата родени “2004“ станаа шампиони во оваа возрасна категорија, токму со нивниот тренер Арсовски, кој оваа сезона ќе ја има улогата на главен предводник на генерацијата која пак минатата сезона под водство на Кралевски освои дури четири младински турнири. Зоран Петковски како нов предводник на генерација “2007“ исто така ќе учествува со две свои екипи.

Не очекуваат добри натпревари и пред се голема дружба на дечињата од различни Балкански земји. Овој турнир е само загревање и проверка на формата за нашите генерации пред почетокот на новата сезона во детската лига.