Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сите на стадион, да го бодриме нашиот тим
Сите на стадион, да го бодриме нашиот тим

Сите на стадион, да го бодриме нашиот тим

Утре ќе се одигра големото дерби на ПМФЛ, дуелот помеѓу најголемите претенденти и оваа сезона во ПМФЛ, тимовите на Вардар и Шкендија. Ждребот сакаше исто како и минатата сезона, во второто коло да се судрат овие два тима. Од таборот на нашиот тим не кријат дека и оваа сезона го прифаќаат епитетот фаворит на овие дуели и одбрана на титулата.

Иако во овој момент според последните информации, во нашиот табор имаме проблеми со повредени играчи, иако не сме во баш најдобра форма, иако тимот на Шкендија е влезена во полн натпреварувачки ритам, сепак, ние сме Вардар и треба да покажеме на утрешниот меч дека и оваа сезона Шкендија нема што да бара во дуелите со шампионот на Македонија. Не треба да не залажуваат и информациите во медиумите со наводна игра на ”комбиниран” тим од страна на тетовчани. Сепак, Вардар, треба да си ја игра и гледа својата игра, нешто слично како на последниот натпревар минатата сезона, каде постигнавме брз гол, во 9 минута, а потоа беше се по лесно.

Дојдете утре во 17-30ч на Градски, да навиваме за овие момци, кои треба да слават важна победа, иако првенството е на сам почеток.

Еден живот, една љубов – Вардар.