Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци се вратија во Скопје, каде од понеделник ќе продолжат со тренинзите во Ј. Сандански

Вардарци се вратија во Скопје, каде од понеделник ќе продолжат со тренинзите во Ј. Сандански

Вардаровата ракометна експедиција вчера попладне се врати во Скопје, каде од понеделник ќе се продолжи да се тренира во спортскиот центар Јане Сандански. Како што е познато тимот беше на десетдневни подоготвки во Крањска Гора. Ова висинско место нуди одлични услови за работа, а црвено-црните четврта последователна година се одлучуваат главниот дел од подготовките да го реализираат токму на ова место. Покрај физичката и кондиционата подготовка на момците, се работеше паралелно во сала и теретана. Екипата која и во новата сезона ќе биде предводена од тренерскиот тандем Гонзалес-Дејвис одигра и два контролни натпревари, со екипата на Горење Велење. На истите беа забележани две победи, од кои втората беше многу убедлива (38:27). Своите први мечеви во црвено-црниот дрес ги одиграа и новите засилувања Канелас, Фереира и Борозан, кои спорд бројот на погодоци на двата меча покажаа дека се работи за одлични играчи, кои треба во новата сезона да го подигнат нивото на игра и да го донесат тимот на скалило погоре во лигата на шампионите.

Веќе на 18-ти август (четврток) заминуваме за Белорусија, каде ќе ја имаме првата силна проверка пред стартот на сезоната. Тука ќе настапиме на турнир во организиција на Брест Мешков, кој е и наш противник во најсилната група од ЛШ. Висла Плоцк и Рен ќе бидат останатите два учесници на турнирот. Да споменеме дека Вардар е освојувач на последното издание на “Белгазпромбанка“ и тоа од минатата година. Повторно ќе следи враќање во главниот град на Македонија, каде ќе продолжиме да се подготвуваме. Првиот официјален натпревар за Вардарци е на 6/7-ми септември и тоа во сеха-лигата. После завршување на олимпиксите игри се очекува на екипата да се приклучат Хрватските репрезентативци Карачиќ, Циндриќ, но и најновото засилување Чупиќ.