Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации, денес играат финале на турнирот “Караорман куп 2015“
Вардаровите генерации, денес играат финале на турнирот “Караорман куп 2015“

Вардаровите генерации, денес играат финале на турнирот “Караорман куп 2015“

Денеска завршува второто издание на традиционалниот турнир “Караорман куп 2015“, кој се одржува во Струга на градскиот стадион на фудбалскиот клуб Караорман. Двете Вардарови генерации кои земаа учество на истиов, се пласираа во големото финале кое ќе се одигра денес.

Фк Вардар генерација “2005“ во големото финале ќе игра против екипата на Фк Ферплеј(Охрид). Финалето во оваа генерација е закажано да започне од 15 часот. Претходно во полуфиналниот натпревар Вардарци убедливо го совладаа тимот на Фк Фламуртари, со резултат 4:0. По првото полувреме исто имавме предност од 2:0.

Фк Вардар генерација “2003“ исто така се пласираше во финалето, каде со почеток од 13:20 часот ќе игра против Фк Еврофудбал-Вардар(Охрид). Во полуфиналето оваа генерација забележа триумф од 3:0, против екипата на Фк Талент од Битола. Им посакуваме многу среќа на двете наши млади категории.