Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Вардар ги знае своите цели и амбиции, тие се пласман на Ф4 турнирот
Кастратовиќ: Вардар ги знае своите цели и амбиции, тие се пласман на Ф4 турнирот

Кастратовиќ: Вардар ги знае своите цели и амбиции, тие се пласман на Ф4 турнирот

Екипата на Жрк Вардар ги доби своите противници во групната фаза на Лигата на Шампионите. Освен Хипо со кој се немаме сретнато изминативе две сезони, Митјиленд и Ѓер се познати за нашиот шампион. Групата е прилично тешка, но Вардарки имаат квалитет да се спротистават на секој противник. По извлекувањето на ждрепката тренерот Индира Кастратовиќ даде свое видување за официјалниот сајт на клубот, во кое вели:

-Противниците ни се познати, се имаме сретнато досега и со Митјиланд и со Ѓер, кој најверојатно ќе се пласира од квалификациите. Хипо, пак, не е таа веле сила што беше пред неколку години. Сепак, не е важно кои се противници, важно е Вардар да се подготви максимално и да ја игра својата игра. Сега сме поискусни и позрели од минатата сезона и ќе знаеме како да влеземе во секој натпревар и против секој противник. Вардар си ги знае своите цели и амбиции, тие остануваат пласман на Ф4 турнирот, изјави Индира.