Денес на теренот „Спортплац“ во Ундершитцен се одигра тест меч помеѓу нашиот ФК Вардар и Австријскиот бундеслигаш Волфсбергер . ФК Вардар го забележа првото реми на подготовките во третиот меч на летните подготовки .
Шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев излезе со комбиниран тим на теренот со претежно помлади фудбалери. Тимот на Волфсбергер дојде до водство со голот на Шидл во 5 минута од мечот . Со овој гол се отиде на полувреме. Асани имаше шанса но погоди пречка и не изедначи на почетокот од вториот дел . Во 53 минута дојде и изедначувањето младиот Велковски од десната страна се додаде во нападот и прекрасно додаде до П.Петковски кој од 7/8 метри да го погоди голот на Добник. Ова беше и конечен резултат на мечот .За Вардар на мечот настапија следниве играчи :
Пачовски, В. Велкоски, Најдоски, Новак, Брдаровски, Аломеровиќ (од 46 мин. Темелков), Дашјан, Спировски, Асани, Стојков (од 46 мин. П. Петковски), Миранјан (од 46 мин. Ф. Петковски).