Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки ќе ја започнат сезоната во ЛШ, најверојатно против Ѓер на домашен терен
Вардарки ќе ја започнат сезоната во ЛШ, најверојатно против Ѓер на домашен терен

Вардарки ќе ја започнат сезоната во ЛШ, најверојатно против Ѓер на домашен терен

Женската екипа на Вардар ги доби противниците во групната фаза на Лигата на Шампионите. Се работи за навидум “тешка“ група во која ќе гледаме доста квалитетни и интересни мечеви. Ждрепката сакаше нашиот шампион да се натпреварува со Митјеланд (Данска), Хипо (Австрија) и најверојатно екипата на Ѓер (Унгарија).

Екипата на Митјеланд ни е доволна позната, со овој противник игравме во групната фаза во сезоната 2013/2014 а подоцна се сретнавме и на фајнл-форот во борбата за третото место. Жрк Вардар беше тогаш поуспешен и го освои бронезениот медал. Претходно во група, двете екипи забележаа по една победа на свој терен. Мечевте со Ѓер ќе бидат реприза на четврт-финалните од изминатава сезона, во кој нашите девојки експресно го елиминираа Унгарскиот шампион. Хипо во последниве неколку сезони нема забележителни резултати во Лигата на шампионите, но секогаш е незгоден противник.

Распоредот и термините на одигрување на мечевите на Вардар е следниов:

1 коло: Вардар-квалификант(Ѓер) (16-18 октомври)
2 коло: Хипо-Вардар (23-25 октомври)
3 коло: Вардар-Митјеланд ( 30 октомври-1 ноември)
4 коло: Митјеланд-Вардар ( 6-8 ноември)
5 коло: квалификант(Ѓер)-Вардар ( 13-15 ноември)
6 коло: Вардар-Хипо ( 20-22 ноември)