Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четвртфинале за Вардаровите генерации “2005“, “2006“ и “2007“ на турнирот во Охрид
Четвртфинале за Вардаровите генерации “2005“, “2006“ и “2007“ на турнирот во Охрид

Четвртфинале за Вардаровите генерации “2005“, “2006“ и “2007“ на турнирот во Охрид

Вардаровите генерации на турнирот “Фер Плеј куп“ во Охрид ќе играат во четвртфиналните натпревари. Ова е епилогот од денешните мечеви во групната фаза, за генерациите родени “2005“, “2006“ и “2007“ година.

Избраниците на Игор Кралевски, генерација родени “2005“ денес одиграа два натпревари на кои забележаа победи. Најпрво на последниот меч од групната фаза беа убедливи во дуелот со екипата на ФК Талент. Конечниот резултат на овој меч гласеше 6:0. Горјан Цветков успеа да постигне хет-трик. По еден гол беа дело на Матеј Гаштаров, Никола Величковски и Давор Серафимов. Со овој триумф црвено-црните обезбедија пласман во осминафиналето, натпревар кој беше денес на програмата. На тој дуел Вардар се сретна со екипата на Фљамуртари, која ја победи убедливо со резултат 5:0.Еден од најдобрите поединци на овој турнир Никола Величковски постигна три гола и ја продолѓи својата голгетерска серија која започна од вчера. Давор Серафимов постигна еден гол, додека противникот успеа да постигне гол но во својата мрежа. Утре е последен ден на турнирот, тоа значи дека ќе се одиграат сите натпревари за пласман на турнирот.

vardarfans 2005

Генерацијата “2006“ под водство на Филип Арсовски ги заврши натпреварите во групата на првото место и така си обезбеди место во четвртфиналето. Тие денес одиграа два натпревари и забележаа една победа и нерешен резултат. Ремизираа без голови 0:0 со екипата на Јанг Бојс, додека забележаа минимална победа против екипата на Пелистер со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Дарко Сековски.

Осминафинале обезбеди и најмладата генерација родени “2007“ година на Зоран Петковски. Тие денес ја комплетираа групата со победа против Куманово. Резултатот на овој натпревар гласеше 9:0. Оваа генерација утре ја очекува натпревар од четвртфиналето со една своја екипа.

vardarfans naslovna