Кадетите со победа ја започнаа сезоната, откако денес во рамките на првото коло беа подобри од екипата на Академија Пандев. Иако речиси цели 55 минути игравме со играч помалку поради црвениот картон на Џуклески, на крајот сепак успеавме да ја зачуваме предноста. Конечниот резултат гласеше 3:2. Гостите први поведоа со 0:1, по што следеше комплетен резултатски пресврт на Вардар за водство од 2:1. Противникот израмни на 2:2, но во првото полувреме следеше уште еден гол за водство од 3:2, што се покажа како конечен резултат. Никола Серафимов, Александар Трајчевски и Абдула Шкор стрелаа за Вардар. Погледнете ја фотогалеријата од денешниот меч на Вардаровите кадети кои имаа успешен старт на новата натпреварувачка сезона.