Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Организаторите му го потврдија учеството на Завировски за трката “City Park Night 21”, тој ќе го брани ланското сребро на истата
АТЛЕТИКА! Организаторите му го потврдија учеството на Завировски за трката “City Park Night 21”, тој ќе го брани ланското сребро на истата

АТЛЕТИКА! Организаторите му го потврдија учеството на Завировски за трката “City Park Night 21”, тој ќе го брани ланското сребро на истата

Во организација на Endurance.mk (АК Индјуренс – Скопје) по втор пат ќе биде организирана атлетската манифестација “City Park Night 21”. Настанот е од рекреативен и отворен карактер за сите атлетски клубови, активни атлетичари, рекреативци, љубители на трчањето во природа, од нашата земја, како и надвор од нашите граници. На истиот АК Вардар ќе има свој престваник во Петре Завировски.

vardarfans-gggggggggggggggggggggg

На Завировски веќе од страна на организаторот му е прифатена апликацијата за учество на овогодинешната трка, воедно му е доделен и стартниот број-118. Тој лани на промотивната прва трка оствари забележителен резулат и заврши како “сребрен“. Тој до втората позиција на ова ноќна трка дојде со  време  1:25:26 кое беше доволно за “сребрената позиција“. Тој резулат беше 4-ти најдобар во кариерата на Завировски на  полумаратони . Негов најдобар резулат на ваква делница е  1:17:35. Завировски теше огаш б задоволен од времето и пласманот кој го оствари бидејќи временските услови беа тешки,   беше спарно и имаше тешки услови за тркава. Годинава стартот на Полумаратон ќе биде видно обележан и се наоѓа во непосредна близина на дискотеката Икс Ел (XL) во Градскиот Парк. Патеката е кружна. Еден круг изнесува 1750м и се вртат вкупно 12 круга. Временски лимит на трката e 3 часа