Денес во вториот настап на меѓународниот турнир во Брест, Белорусија, црвено-црните одигра нов меч . Овој натпревар тие минимално го добија со 34-33. Нашиот постојан “пациент“ полскиот вице-првак Висла Плоцк беше противник во овој втор дуел на турнирот.
Тргнавме одлично, на самиот почеток црвено-црниот тим создаде предност од огромни 9:1. Сето тоа на тренерот Раул Гонзалес можност да проба повеќе варијанти во нападот и дефанзивата. Полјаците се обидуваа да доjдат во погодна ситуација, но нашите момци ја одржуваа разликата на плус во текот на првиот дел. Финишот на првите 30 минути им припадна на полските ракометари кои на одмор заминаа со два негатива, 16-14. Во второто полувреме Вардар ја одржуваше минималната предност од два гола до 35-та минута. Потоа Висла Плоцкизедначи на 21-21. Потоа во срeдината на вториот период им дозволивме на полските ракометари со серија од неколку голови да се вратат во игра и да го преземат водството и контролата над играта. Обата тима во последните 10 минути од дуелот влегоа со резулат 30-30. Нашите момци на краот од натпреварот ја вратија контролата врз резултато, имавме предност која ја задржаа до самиот крај за конечните 34:33.
ВАРДАР: Штербик, Стоилов 1, Недановски, Поповски, Милиќ, Рожерио 5, Македа 2, Ѓорѓески, Душебаев 4, Абутовиќ, Кањељас 7, Ангелов, Дибиров 6, Шишкарев 5, Борозан 4, Ончев.