Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и пораз во дуелите со А. Пандев
Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и пораз во дуелите со А. Пандев

Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и пораз во дуелите со А. Пандев

Денес се одигра првото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Помладите пионери и пионерите на нашиот клуб имаа гостување во Струмица, против своите врсници од Академија Пандев, на кој забележавме една победа и пораз.

Најпрво на теренот излегоа пом. пионери на Сашо Јанев кои за жал беа поразени од противникот. По еден гол во двете полувремиња, за конечен резултат од 2:0 во корист на Академија Пандев на овој натпревар.

За разлика од нив повозрасните пионери со победа ја започнаа одбраната на титулата во лигата. Избраниците на Сашо Тодоровски не дозволија никакво изненадување и на теренот во Струмица ги победија врсниците од А.Пандев. Конечниот резултат гласеше 2:4. Интересно е тоа што сите голови на овој дуел паднаа во второто полувреме, откако по истекот на првото полувреме резултатот беше непроменет.

Академија Пандев беше екипата, која прва го отвори резултатот на овој натпревар и поведе со 1:0. Ова како да ги разлути црвено-црните, кои до крајот на натпреварот ја наполнија до врв противничката мрежа. Новото засилување Филип Стојановски набргу го израмни резултатот на 1:1. Од тие моменти како да се распадна цела игра на домаќинот, кој како да немаше сили да се надигрува со нашиот состав. Репрезентативецот Саит Битиќи погодува за водство на Вардар од 1:2. Овие погодоци им дадоа уште поголем мотив за избраниците на Рап-Тап, кои продолжија со офанзивната игра. Во листата на стрелци успеа да се запише и Јакуп Бериша за зголемување на водството од 1:3. Сите дилемо околу конечниот победник беа решени откако Кренарт Дарлиша ја затресе мрежата на Струмичани за резултат 1:4. Во последните минути од дуелот, А. Пандев успеа да постигне гол, што беше доволно само за достоен пораз,

На овој начин пионерите со убедлива победа тргнаа во новата сезона, каде ја бранат двојната титула. Несомнено избраниците на Тодоровски се наоѓаат во одлична форма, што покажа и освојувањето на Скопје Куп пред десеетина дена.