Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Турнир “Винко Кандија“: Вардар ја “уништи“ Подравка, вечерва меч играме и со Крим

Турнир “Винко Кандија“: Вардар ја “уништи“ Подравка, вечерва меч играме и со Крим

На турнирот „Винко Кандија” во Љубљана, девојките на ЖРК Вардар вчера отворија со убедлив триумф над екипата на Хипо од Австрија, денес во вториот натпревар одигран на турнирот  во Словенија, девојките Вардар ја декласира хрватска Подравка Вегета  со високи 19:35.

Забележавме одличен  старт , хрватинките поведоа со 10 тоа им беше прво и еднствено водство денес, потоа ние  тргнавме во мечот со серија од четири гола. Некаде на  средината на првото полувреме ракометарките на Индира Кастратовиќ  направија нова, овој пат  поголема серија од 5 погодоци и на полувреме заминаа со голема предност од 10:19. Подравка неможеше да се носи ни во второто полувреме со нас. По релативно изедначениот старт, следуваше  најголемата серија на црвеноцрните кои со 7 погодоци  го зголемија водството на повеќе од двојно, ние поведовме со во самиот финиш 14:30. Ракометарките на хрватскиот клуб од Копривница се обидоа да се вратат малку од малку во мечот и на   големата серија на нашите девојки вратија  со три  посдледователни погодоци со што дојда до  намалување на водството на 17:30. Сепак до крај немаше многу време за било какви посбени осцилации во резултатот, ние забележавме  голема победа со 16 разлика,  мечот заврши 19:35. Денес играме и уште еден меч на  турнирот „Винко Кандија”, во истиот противник ни е тимот на  Крим, тој дуел е закажан во 19 часот и 30 минути.

ВАРДАР: Петковска, Мавсар 6, Дамњановиќ 1, Лазовиќ 3, Алтхаус 1, Илина, Пенезиќ 4, Човиќ 2, Ихнева 5, Суслина, Хмирова 5, Ристовска 8.