Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дерби во треттото пролетно коло, Вардаровите фудбалски генерации за противник го имаат тимот на Пелистер
Дерби во треттото пролетно коло, Вардаровите фудбалски генерации за противник го имаат тимот на Пелистер

Дерби во треттото пролетно коло, Вардаровите фудбалски генерации за противник го имаат тимот на Пелистер

Претстојниов викенд ќе се одигра треттото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на сите наши Вардарови генерации е екипата на Пелистер.

-Помладите пионери после нерешениот резултат со екипата на Победа го изгубија првото место на табелата. Избраниците на Сашо Јанев на стартот на пролетниот дел имаа четири бода предност пред екипата на Шкеднија. Сепак тимот од Тетово во моментов е првопласиран, со ист број на бодови, но со подобра гол разлика од црвено-црните. Овие две екипи до крајот ќе се борат за титулата, бидејќи нивниот конкурент екипата на Работнички загуби минатото коло и сега разликата е на пет бодови. Нашите млади надежи ќе се обидат во сабота да го поправат впечатокот и да ја забележат првата пролетна победа. За тоа да се оствари ќе треба да го добиеме дербито во Битола со екипата на Пелистер. Овој меч ќе се одигра со почеток од 13 часот. Во есенскиот дел Вардарци забележаа убедлив триумф од 7:0. Екипата од Битола се наоѓа на предпоследното место во оваа генерација, со само две забележани победи.

-Пионерите после победата против Прилепска Победа се вратија во борбата за титулата во лигата. Саботното дерби со Пелистер кој е најдобро пласиран во оваа категорија, ќе биде вистински тест за избраниците на Сашо Тодоровски. Овој натпревар е закажан да започне од 15 часот. Во есенкиот дел Вардар победи со резултат 4:0. На табелата се наоѓаме на треттото место со два бода помалку од првопласираниот Шкупи.

На домашниот терен во Марино својот натпревар со Пелистер ќе го играат кадетите. Во минатото коло испуштивме шанса со триумф против Победа во Прилеп да ја намалиме негативата на три бода предност пред лидерот на табелата, екипата на Металург. Сепак оваа наша генерација и понатаму ги задржи шансите за освојување на титулата. Првиот натпревар одигран во Битола го добивме минимално со 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Никола Серафимов. Дуелот во сабота ќе започне од 11 часот.

Младинците се во добра победничка серија, која ќе се обидат да ја продолжат и во сабота на дуелот со своите врсници од Пелистер. Првиот натпревар во есенскиот дел го добивме со резултат 0:2, со головите на Даци и Апостоловски. На табелата ја продолжуваме битката со екипата на Шкендија, која е во предност од два бода. Работнички е веќе далеку на третото место со пет бода помалку од Вардарци. Натпреварот против Пелистер во Марино ќе се одигра во сабота со почеток од 13 часот.