Денеска во Скопје младите надежи на Македонија до 21 година одиграа натпревар во рамките на групата 3 од квалификациите за ЕП. Нашите млади надежи одиграа реми 0:0 против првопласираниот тим во нашата група Исланд.
Во составот на нашата млада репрезентација (у-21) настапија и нашите млади играчи Бобан Николов и Дарко Велковски. И двајцата играчи одиграа одличен натпревар. Велковски одигра на центарлната бековска позиција заедно со Зајков, додека пак Николов одигра на својата вообичаена позиција играч за врска. Токму Николов ја имаше најубавата шанса на натпреварот, да постигне погодок за Македонија, но биеше со глава за малку покрај голот на исланѓаните. Нашата репрезентација по ова коло се наоѓа на третата позиција на табелата со освоени 8 бодови. Следи гостување против Франција.