Денес во градскиот трговиски центар фановите имаа повторно можност да се дружат со ракометарите и ракометарките на Вардар. Имаа можност од блиску да ги видат своите идоли и миленици да споделат заедничка фотографија како и да добијат автограм.
Играчите ги поканија своите навивачи во сабота да дојдат во фан зоната која ќе биде поставена пред спортскиот центар Јане Сандански и да им ја дадат својата поддршка во натпреварот со Висла Плоцк.
Фановите можеа на дело да погледнат дел од вештините на нашите играчи, кои шутираа на специјално дизјаниран гол, а потоа и тие можеа да ги испробаат своите вештини.