Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Ако не ја победиме во сабота Висла, целиот наш труд ќе падне во вода
Стоилов: Ако не ја победиме во сабота Висла, целиот наш труд ќе падне во вода

Стоилов: Ако не ја победиме во сабота Висла, целиот наш труд ќе падне во вода

По повод реванш натпреварот од 1/8 финалето во ЛШ, денеска РК Вардар во просториите на СЦ. ”Јане Сандански” одржа прес – конференција на кој стандардно присуствуваше нашиот тренер Раул Гонзалес и пикерот на Вардар Стојанче Стоилов. Гонзалес го изјави следното:

Во сабота го играме второто полувреме со екипата на Висла. Првото полувреме беше во Полска и како што знаеме заврши со нерешен резултат. Имавме четири гола предност на три минути пред крај, но сепак домаќинот на крај се избори за нерешено. Имаме сега добра шанса тука во нашата арена бидејќи немаме негатива. Сепак не треба да помислуваме дека ќе биде лесно, мора да играме добро во одбраната за полесно да реализираме во напад. Висла е добар тим кој игра подобро во гости, тоа го покажа во дуелите со екипите на Кил и Веспрем. Ова ќе биде еден од најважните мечеви зс нас во сезоната. Горбок е неизвесен за саботниот меч, сепак ние имаме подготвени играчи да одговорат на сите позиции. На тренинзите испробуваме различни варијанти, па ќе видиме како ќе тече играта, изјави Раул Гонзалес.
Додека пак пикерот на РК Вардар Стојанче Стоилов пред натпреварот го изјави следното:

  – Ова е најбитниот натпревар за нас оваа година. Како што спомена тренерот Раул, мечот во Полска беше само прво полувреме. Малку сме разочарани што не успеавме да победиме, сепак и овој резултат не е лош. Ако не ја победиме во сабота Висла, целиот наш труд ќе падне во вода. Публиката тука секогаш ни дава мотив поголем за победа, се надевам дека ќе биде и на овој реванш дуел, рече Стојанче Стоилов.