Вчера репрезентацијата на Македонија одигра пријателски натпревар против селекцијата на Словенија во Марибор. Овој натпревар го доби домашната селекција со резултат 1:0 (0:0)
Од редовите на ФК Вардар настапи во стартните 11-мина и Никола Глигоров. Глигоров го одигра натпреварот се до 73 минута, кога беше заменет од страна на уште еден екс играч на Вардар Мите Цикарски. Во вторник нашата репрезентација на Градскиот стадион во Скопје ќе одигра уште еден натпревар, овој пат против Бугарија.