Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Барса – Кил прва формирана двојка во 1/4 финалето
Барса – Кил прва формирана двојка во 1/4 финалето

Барса – Кил прва формирана двојка во 1/4 финалето

По натпреварот во Германија на Кил и Пик Сегед се формираше првата 1/4 финална двојка во ЛШ. Кил славеше вчера убедливо против тимот на Пик Сегед, и ги анулираше четирите гола негатива од Унгарија. Па така ја добивме и првата пресметка во 1/4 финалето од ЛШ. Идните членови на Вардар, Канелас постигна 2 гола, додека бразилецот Фереира не се запиша во листата на стрелци.

Првата четвртфинална двојка ќе биде ни помалку ни повеќе, помеѓу славните тимови од Германија и Шпанија, Европскиот шампион Барселона и гигантот од Германија Кил. Ова дефинитивно ќе биде мега дуел и дерби на 1/4 финалето во ЛШ, Ќе се води ”војна” 120 минути. Дали нашиот Кире Лазаров и Барса ќе бидат повторно на Ф-4 турнирот.. Очекуваме в сабота и нашиот РК Вардар да се придружи на тимовите патници во 1/4 финалето од Лигата на шампионите.