Првата сезона на ракометната Јуниор лига се одвива според планираното. Изминатиов викенд се одиграа натпревари од 7 и 8 коло во машка и женска конкуренција. Сите мечеви кои се одигруваат во спорскиот центар Јане Сандански и на Кале започнуваат во закажаните термини. Ние како медиум кој известува паралелно за сите случувања во оваа лига продолжуваме со промоција на учесниците во истата. Давид Арсовски ја има можноста да се натпреварува во Јуниор лигата. Тој е дел од екипата на РК Преспа- Вардар, во генерација родени 2002/03 година.
-Јас сум позитивно изненаден од Вардар јуниор лигата и мислам дека добра е идеата, да играчи на иста возраст ги играат натпреварите, бидејќи на наша возраст играчи кои се само една година повозрасни, се исклучително физички поразвиени. Организацијата на Вардар Јуниор лигата е на високо ниво и мило ми е што може да направиме нови пријателства со учесниците од истата.
Преспа-Вардар е лидер во групата 2, со максимален број на освоени бодови. Оваа екипа има забележано осум победи од исто толку одиграни мечеви. Во саботата забележаа нов триумф против екипата на Урдаевски-Вардар со резултат 19:11.
-Моментално ние сме на врвот на табелата во нашата група, со освоени максимални 16 бодови и многу сум задоволен и горд од играта на мојот тим. Успехот се постигнува само со работа, а за мене врвот на табелата е резервиран за оние кои најмногу работат и трудат.Најголема заслуга за нашите добри игри и резултати има нашиот тренер Иванчо Ангелковски, кој не научи на многу работи.
Најдобрите играчи во оваа лига ќе имаат можност да се приклучат да тренираат и играат во младинските категории на ракометниот клуб Вардар.
-Оваа лига ја гледам како личен предизвик и како прилика да станам дел од младинските екипи на РК Вардар. Сите тие победи ми го зголемуваат интересот да продолжам со уште поголема сила и работа до врвот, изјави Давид Арсовски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски