Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации “2004“ и “2005“ освојувачи на меѓународен турнир во Штип
Вардаровите генерации “2004“ и “2005“ освојувачи на меѓународен турнир во Штип

Вардаровите генерации “2004“ и “2005“ освојувачи на меѓународен турнир во Штип

Вардаровите генерации продолжуваат со успеси на турнирите каде настапуваат. Овој пат две наши категории, момчиња родени “2004“ и “2005“  земаа учество на меѓународниот тунир во Штип, кој е во организација на домаќинот Фк Брегалница. Се играше по системот секој со секого, првото место го освои оној кој имаше најмногу бодови во тие натпревари.

vardarfans generacija 2004

Фк Вардар генерација “2004’ на убедлив начин го освои првото место во својата категорија. Со вкупно четири победи од исто толку одиграни мечеви, на крајот сосема заслужено се радуваше на трофејот. Ви ги презентираме сите нивни натпревари со резултати и стрелци на сите погодоци:

1. Фк Вардар- Фк Мечетата Пирин 2:0 ( Георг Стојановски и Игор Јаневски)

2. Фк Вардар- Фк Форца 2:1 ( Никола Павлевски и Георг Стојановски)

3. Фк Вардар- Фк Брегалница 4:1 ( Огнен Здравковски, Игор Јаневски, Георг Стојановски и Димитар Стоимов).

4. Фк Вардар- Фк Шкендија 3:0 ( Марио Ричков (2) и Горазд Попов.

vardarfans generacija 2005

Фк Вардар генерација “2005“ исто така е победник во својата категорија. Со вкупно девет освоени бодови го освоија првото место, два повеќе од тимот на Форца кој имаше седум бодови. Резултатите кои ги постигнаа на турнирот се следниве:

1. Фк Вардар- Фк Мечетата (БГ) ( Дарко Сековски, авто-гол, Давор Лефковски и Симче Здравковски).

2. Фк Вардар- Фк Брегалница 5:0 ( Филип Јовановски, Дарко Сековски, Никола Величковски, Стефан Наумовски и Горјан)

3. Фк Вардар- Фк Металург 0:2

4. Фк Вардар- Фк Форца 2:о ( Филип Јовановски и Тино Спасиќ).

Да потсетиме дека двете генерации во саботата официјално ја започнаа новата сезона во детската лига. Двете категории настапија со два тима и на сите мечеви забележаа победи. Им посакуваме и понатаму само успеси и успешно претставување на Вардар.