Sunday ,16 June 2019
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите играчи активни за Македонската селекција до 16 години, која одигра две контроли против Азербејџан
Вардаровите играчи активни за Македонската селекција до 16 години, која одигра две контроли против Азербејџан

Вардаровите играчи активни за Македонската селекција до 16 години, која одигра две контроли против Азербејџан

Изминативе денови, фудбалската селекција на Македонија до 16 години одигра два контролни мечеви со селекцијата на Азербејџан. Двата меча се одиграа на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, дуели на кои остваривме една победа и нерешен резултат.

Македонија го доби првиот меч со резултат 3:1, а стрелец на два гола, беше вардаровиот напаѓач, се работи за Бесар Гуџуфи, кој погоди во раниот период на мечот, односно во 3 и 8.минута од натпреварот. Стартери на првиот меч од играчите на Вардар беа, Игор Јаневски, Бесар Гуџуфи и Никола Павлески.

На вториот натпревар одигравме со нерешен резултат 2:2, немаше гол од играчите на Вардар, додека во стартниот состав се најде Гуџуфи.