Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2004 на ФК Вардар дел од младински турнир во БИХ, „Срце Куп“
Генерацијата 2004 на ФК Вардар дел од младински турнир во БИХ, „Срце Куп“

Генерацијата 2004 на ФК Вардар дел од младински турнир во БИХ, „Срце Куп“

Генерацијата 2004 на ФК Вардар во периодот од 15-18. јуни ќе биде дел од младинскиот турнир „Срце Куп“ во Босна и Херцеговина, во местото Ајдиновиќи.

Покрај Вардар, на турнирот во оваа генерација ќе се натпреваруваат уште и екипите на Будуќност ( Црна Гора), Сараево ( БИХ), Топ Гол ( БИХ), Џаково ( Хрватска), Младост ( Хрватска) и Ступчаница ( БИХ), а може оваа бројка и да се зголеми.

Тренерот на оваа генерација, Петар Ѓорѓиески за овој турнир ќе смета на следниве играчи: Наум Ангелов, Томи Силјановски, Никола Павлески, Давид Љушев, Никола Анчевски, Стефан Стојановски, Игор Јаневски, Сандро Каровски, Максим Милошевски, Ѓорѓи Дошев, Исмет Хајдари, Горазд Попов, Ибраим Левент, Теодор Перковски, Бесар Гуџуфи, Талха Идризи,  Мартин Мишовски, Димитар Стоимов, Лука Ивановски, Марио Ричков и Огнен Здравковски. 

Повратници во оваа генерација се Огнен Здравковски и Марио Ричков, кои две години беа дел од Академијата на ФФМ.