Во периодот од 7-12.јуни, фудбалскиот клуб Вардар ќе биде дел од популарниот „Куп на пријателство“ кој оваа година ќе се игра во Златибор.
На турнирот учество ќе земат 12 реномирани екипи од балканот, меѓу нив и Вардар. Екипите се поделени во четири групи од по три екипи, а Вардар е во група со екипите на Црвена Ѕвезда и Олимпија. Турнирот е за играчи родени 2004 година и помлади.
Вака изгледаат групите на овој силен меѓународен турнир:
ГРУПА А: Црвена Звезда, Олимпија, Вардар
ГРУПА Б: Партизан, Слобода Тузла, Сутјеска
ГРУПА Ц: Динамо Загреб, Академија Пандев, Сараево
ГРУПА Д: Војводина, Осијек, Железничар
Пласман во 1/4 финалето ќе обезбедат екипите кои ќе се пласираат на првите две места од секоја група.