Денес во салата „Круме Кепески“ во Скопје се одигра 1/4-финалето во кадетската лига, се играше еден меч кој го даде патникот на Ф-4. Вардар беше домаќин на РК Сани 14, девојките на Платон и Папуџиева покажаа класа и убедливо ја добија средбата на која од првата до последната минута беа во водство. Ние заверивме виза за завршниот турнир со резултат 42-22 (20-11).
Тргнавме одлично на нашиот гол не беше совладана Тамара Ѓорѓиева во почетните минути, во напад бевме непогрешливи и поведовме најпрвин со 4-0 на средбата. Веќе во 12.минута водевме прв пат со пет плус (7-2) по погодокот на Радевска Бојана од крило. Доминиравме во двата правци, ние бевме тимот кој беше за класа подобар во нападот и одбраната, во 24.минута по контра на Борјана Коцева отидовме на двоцифрена предност (17-07), до крајот само одигравме умешно и го приведовме дуелот на одмор со висока предност 20-11.
Во вториот дел во првиот напад се вративме на двоцифрена разлика по погодокот на Михаела Велјановска која стрелаше за 21-11. Повторно во добраната бевме одлични, во нападот супериорни. Платон и Папуџиева дадоа шанса на целиот ростер кој од минута во минута ја зголемуваше предноста, на голот одлична во вториот дел беше Вероника Ѓорѓиевска. Победивме со дури 20.гола повеќе односно со резултат 42-22 на крајот. Со оваа победа обезбедивме место на собирот на најдобрите четири екипи во кадетската лига.
Попова Нина беше прв стрелец со 7.гола, четири девојки имаа по 4 гола и тоа: Стафаноска Сара, Радевска Бојана, Миленкоска Калина и Михаела Велјаноска. Одлични на голот беа Вероника Ѓорѓиевска и Тамара Ѓорѓиева.