Фудбалскиот клуб Вардар пред малку излезе со кратко соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
Соопштение на ФК Вардар
Спортскиот директор Александар Бајевски го продолжи договорот со нашиот клуб за наредните 3 години и моментално активно работи на засилувања за наредната сезона за кои што ќе бидете известени во наредниот период.
Бобан Грнчаров е назначен за шеф на стручниот штаб во наредните 3 сезони кој како вршител на должноста тренер на Вардар во целост ја оправда укажаната довербата.
Помошници на тренерот ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединоски.