Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите надежи генер. “2004“ во борба за големото финале на турнирот во Сандански.
Вардаровите надежи генер. “2004“ во борба за големото финале на турнирот во Сандански.

Вардаровите надежи генер. “2004“ во борба за големото финале на турнирот во Сандански.

Фк Вардар генерација родени “2004“ година утре рано наутро со почеток од 9:00 часот ќе го одигра полуфиналниот натпревар на турнирот во Сандански (Бугарија). Противник и пречка за пласман во големото финале ќе ни биде силната екипа на Левски од Софија.Избраниците на Филип Арсовски во групата го освоија второто место, каде забележаа три победи и еден пораз. Подобри бвеме во дуелите со екипите на Престиж Кариана од Софија (4:1), Орлетата (10:0) и Топ Тим-Охрид (4:0), а единствениот пораз беше во дуелот со екипата на ЦСКА од Софија (3:1).

Се надеваме на добра игра на нашите млади надежи, кои покажаа на овој турнир дека можат да се носат со било која екипа, а поразот од ЦСКА Софија беше само лош ден за црвено-црните.