По дуелот во шампионската лига на црвено-црните со Кристијанштад се одржа стандардната прес-конференција. На истата шефот на стручниот штаб на нашиот ракометен шампион шпанецот Раул Гонзалес го изнесе својот став за овој дуел во елитната лига со преставникот на Шведска:
Да му честитам на противникот кој денес одигра добро. Се работи за силна екипа која ни нанесе потешкотии на овој меч. Во првите 10-15 минути игравме добро во напад и одбрана 6-0. Како течеше натпреварот тие играа се подобро. Нивните брзи играчи овозможуваа да постигнуваат голови од контра-напад. Вториот дел се играше гол за гол иако ние бевме постојано во водство и го контролиравме дуелот. Задоволен сум како одигравме, иако можеше и подобро. Сепак најважно е што ги освоивме двата бода на овој меч- изјави Раул.
Од играчите на нашиот шампион преставник на оваа пресконференција по дуелот во елитната лига беше македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов, тој за мечот со Кристијанштад го изјави следното :
Најпрво да им честитам на гостите за одличната игра, тие се покажаа како многу “тврд орев“ и се работи за навистина незгодна екипа која добро фунционира во сите правци на играта. Знаевме уште пред да почне овој дуел дека треба да одиграме максимално добро за да забележиме триумф. Си поставивме три работи кој треба да ги исполниме до крајот на сезоната. Првата пречка веќе ја поминавме, а се надевам дека ќе победиме во следните два натпревари и ќе ја оствариме главната цел.- изјави Стоилов.