Вечерва наш противник во ЕХФ лигата на шампионите беше екипата на шведски Кристијанштад. Во еден резултатски тесен дуел, победа однесе нашиот шампион со резултат 38-36.
Мечот со гол го отвори Циндриќ, а по успешно одиграната одбрана во контранапад беа црвено-црните и преку Тоскиќ зголемивме на 2-0. Во следните 3 минути двете екипи погодија по двапати, за нас Горбок и Македа стрелаа во голот на Симиќ кој е син на тренерот на голмани во РК Вардар Горан Симиќ, во 5 минута резулатот на семафорот е 4-2. Милиќ стартуваше на голот на црвено-црните , тој нареди две одбрани по ред а тоа го наградува Циндриќ со еден гол, и Македа со два погодока за највисока предност од 4 гол во 8 минута, со резулат 7-3. Вардар игра игра гол за гол и ја одржува позитивата од 4 гола, во 11 минута резулатот е 10-6 по што Дибиров краде топка и страла за 11-6. Тоа ја алармира клупата на гостите која побарува минута одмор, а на нивниот гол застанува Ларсон кој го менува индиспонираниот Симиќ. Гостите постигнуваат гол за намалување на резулатот, но вардарци одговараат со два погодоци преку Горбок и Тоскиќ кои ги наградија добрите одбрани на Џамбо. Во 20 минута резулатот на семафорот во С.Ц “Јане Сандански„ е 16-10, потоа гостите прават мини серија 0-2 по што Раул Гонзалес повикува тај-маут. Место погодок Марсениќ лесно ја продава таа топка, што гостите веднаш го казнуваат со гол и намлуват на само три гола предност. Во следната акција вардарци ја враќаат предноста на четири позитива преку Манасков кој стрела за 17-13. Во следните минути по три погодока на двете страни , за нас стрелаа повторно Манасков , Душебаев и Марсениќ. По серијата од десетина минути без одбрани на Милиќ, на голот на домаќинот влегува Петар Ангелов, а целата сала скандира “Диви, Диви…“, а тој веќе во првиот удар кон неговиот гол ја бележи првата негова инервенција. Лошата игра во обраната ја стопи нашата предност, и на полувреме заминуваме со резулат 21-19.
Првите три напада на гостите во вториот период вардарци ги сопреа, одиграа добра одбрана црвено-црните веднаш погодуваат трипати по ред во напад. По само 4 минути игра отидовме повторно на плус 5, во 34 минута резулатот е 24-19. Гостите возвраќаат со серија 1-4, тие е враќаат во мечот во 37 минута резулатот е 25-23. Вардар веќе во следниот напад преку денес одличниот Циндриќ кој го постигнува својот 7 гол, зголемуваме на три позитива. Кристијанштад поворно е во налет денес се одлични од контранапад , прават нова серија 1-3 и намалуваат на само гол предност за нас, во 40 минута резулатот е 27-26. Вардарци за само 3 минути со една одбрана на Диви и головите на Стоилов и Дибиров се враќаат во ритам и зголемуваат на 29-26. Во следните 5 минути по два гола на двете страни, предноста сеуште е само два гола, резулатот е 31-29. Во следните минути серија 1-3 на гостите, кој го користат исклучувањето на Македа и изедначуваат на 32-32. Вардарци со помош на гледалиштето се обидуваат и успеваат да се вратат , со 3-0 серија одиме 35-32 со голот на Стоилов во 24 минута. Клупата на шведски Кристијанштад веднаш бара една минута одмор и од втор обид по одбраната на Диви намалуват на два гола предност. Со по два гола на двете страни влегуваме во последните 60секунди од мечот, но гостите намалуваат на 37-36 на 43 секунди до крајот и напад имаме ние,а нашата клупа бара минута одмор за последен договор. Вардар успева да погоди за нова седма победа од 38-36. Најефикасни во нашиот состав беа Циндриќ со 8 и Горбок со 7 погодоци.