Денес на програмата беше второто коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите пионери успеа да слават во дуелот со екипата на Пелистер и да освојат нови три бода. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Али Адем.
Тренерот Сашо Тодоровски го започна дуелот со овој состав: Велковски, Каркалашев-Трајковски, Антовски, Ѓорѓиески, Стојчески, Дарлишта, Стојаноски, Адем, Бериша, Битиќи, Пешевски.
Црвено-црните беа подобра екипа на теренот и сосема заслужено на крајот успеа да стигнат до триумф. Новото засилување Филип Стојановски беше првиот кој упати удар покрај противничкиот гол. Вардар ја имаше доминацијата, го напаѓаше голот на Пелистер, но сеуште без некоја посериозна шанса за отварање на резултатот. Сепак набргу успеваме да постигнеме гол и да поведеме со 1:0. Стрелец на голот беше Али-Адем, на асистенција на Јакуп Бериша.. Повторно Антовски се обидува од слободен удар, замалку не успева да го префрли живиот зид. Имавме голема шанса да го зголемиме резултатот, но најпрво Бериша ја погоди пречката, а одбиената топка Али Адем не успеа да ја смести во голот. Последната прилика во првото полувреме ја имаше Саит Битиќи кој биеше со глава, но голманот на Пелистер со крајни напори исфрла во корнер. По првото полувреме резултатот беше 1:0.
Првата прилика во вториот дел ја имаше Александар Ѓорѓиески, кој при еден слободен удар за малку не успева да ја зафати топката со глава. Беа направени неколку измени во нашиот состав во овој период од играта. Вардар се обидуваше да стигне до втор погодок, но Пелистер успешно одолеваше на нашите напади. Борбеноста на Пелистер беше главна одлика која го красеше тимот на овој натпревар. До крајот на дуелот без поголеми возбудувања. Судијата отсвири крај,за конечен резултат од 1:0.
Нови три бода за пионерите на Вардар, кои имаат максимален ефект по првите две одиграни кола во лигата.