Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Кадетите со пресврт стигнаа до втората победа, Трајчевски јунак за Вардар на гостувањето во Битола
Кадетите со пресврт стигнаа до втората победа, Трајчевски јунак за Вардар на гостувањето во Битола

Кадетите со пресврт стигнаа до втората победа, Трајчевски јунак за Вардар на гостувањето во Битола

 Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до втората победа во лигата, откако денес на гостувањето во Битола беше совладана екипата на Пелистер. Црвено-црните го добија овој меч на гостински терен со резултат 1:2. Стрелец на двата гола беше капитенот Александар Трајчевски.

Тренерот Колев започна со следниве 11-сетмина: Зибери, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Насковски, Менкиновски, Спировски, Петревски, Трајчевски, Стоименов, Абдула Шкор.

Избраниците на Влатко Колев одиграа уште одличен меч, пред се храбро и борбено во текот на сите 90 минути. Двете екипи имаа свои периоди на добра игра и шанси, но сепак црвено-црните на крајот ги однесоа трите бода во дербито со екипата на Пелистер. Домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот на овој дуел и да поведе со 1:0. Сепак како и во првото коло кога имавме негатива со тимот на Академија Пандев, така и на овој меч не застанавме по примениот погодок. Вардар имаше неколку прилики да постигне гол, но противничкиот чувар спречуваше погодок. Сепак до крајот на првото полувреме успеваме да го израмниме резултатот на 1:1. Александар Трајчевски го постигна својот прв гол. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел Вардарци беа подобра екипа на теренот и сосема заслужено на крајот успеавме да славиме. Повторно одлична тактичка поставеност од тренерот Колев, кој успеа да ги отсече најопасните играчи на Пелистер. Вториот погодок на Трајчевски за водство од 1:2 беше повторно дело на капитенот Трајчевски со удар од белата точка. До крајот на мечот се играше по средината на теренот, вардаровите кадети мирно го приведоа крајот на натпреварот.

Ова е втора последователна победа за нашите кадети на стартот на новата натпреварувачка сезона. Одличен почеток за избраниците на Влатко Колев кои покажаа голема борбеност во воведните две првенствени кола.