Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери го добија дербито со Пелистер и стигнаа до првата првенствена победа

Пом. пионери го добија дербито со Пелистер и стигнаа до првата првенствена победа

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра натпревар од второто коло во конкуренција на помлади пионери, помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Дербито му припадна на Вардар, кој славеше со резултат 3:2. Стрелци на головите беа Петкоски, Спировски и Илиевски.

Тренерот Сашо Јанев стартуваше во следниов состав: Рамадани, Ѓурковски, Мирчевски, Ристески, Манасиевски, Апостоловски, Петкоски, Ристовски, Спировски, Астарџиев, Димоски.

Мечот започна без посериозни прилики, а прв удар кон голот упати Виктор Петкоски . Нашите млади надежи беа во целосна офанзива кон противничкиот гол. Во десеттата минута од мечот без изведени дури четири корнери. Бојан Димоски беше следниот кој шутираше покрај голот на Пелистер. Тренерот Јанев по само 15 минути игра беше принуден да ја направи првата измена во својата екипа. Поради повреда теренот го напушти Давид Ристовски, додека на негово место влезе Марио Илиевски, Токму Илиевски ја имаше првата поголема шанса, откако беше уфрлена топка од десната страна стигна до Илиевски кој биеше, но противничкиот чувар успешно одбрани. Сепак Пелистер беше тимот кој прв го отвори резултатот на овој меч. Еден од противничките играчи речиси од половина терен сам претрча се ослободи од еден од Вардаровите играчи бие силно во горниот десен агол на голманот Рамадани за предност од 0:1. Набргу можевме да го израмниме резултатот, но немавме среќа откако ударот на Спировски со глава заврши во стативата од голот на Пелистер. Сепак до крајот на првото полувреме успеваме да израмниме на 1:1. При една мешаница во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Виктор Петкоски кој успешно стрела за израмнување на резултатот, кој беше актуелен по првиот дел.

vardarfans pom.pioneri

Голема шанса во второто полувреме имаше Мартин Спировски кој со глава биеше покрај голот на Пелистер. Истиов играч за само една минута се најде во голема прилика, по грешка на противничката одбрана, најпрво голманот одбрани од втора биеше Спировски но само во добро поставениот голман. Конечно ова младо момче успева да се запише во листата на стрелци. Вардар со голот на Спировски конечно успева да го скрши “отпорот“ на Битолчани и да поведе со 2:1. Во следниот период Вардар ја контролираше играта на теренот и имаше поголем посед на топка, сепак резултатот остана непроменет. Во вториот дел беа направени неколку измени, со цел да се озвежи нашата игра. На теренот влегоа Ибрахим Ариф, Самир Хасиќ и Малик Хасановиќ.. Невнимание во нашата одбрана што не чини погодок во нашата мрежа, за израмнување на 2:2. Во следните минути уште две шанси за Пелистер, но Вардаровиот голман Рамадани спречува негатива.  Ново водство за црвено-црните. Уфрлена топка од слободен удар, највисок во скокот беше Марио Илиевски кој успева да ја смести топката во противничкиот гол за предност од 3:2. До крајот на мечот успеавме да го задржиме водството и да славиме на овој дуел.

Со овој триумф стигнавме до првите три бода во новата натпреварувачка сезона. Ова ќе биде дополнителен мотив за нашата најмлада генерација во првенството да продолжи со добри игри.