Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во вторник деби пред скопската публика на Кањелас,Фериера и Борозан во првиот официјален меч сезонава

Во вторник деби пред скопската публика на Кањелас,Фериера и Борозан во првиот официјален меч сезонава

Вторник е денот кога ракометниот машки црвено-црн колектив со натпреварот од СЕХА Газпром лигата со Мешков Брест  ќе ја започне новата сезона 2016/2017.  Првиот официјален меч на избраниците на Раул Гоналес ќе се одигра на 30.08.2016 година,  истиот е закажан  со почеток во 20часот и 30минути. Дуелот ќе го играме на домашен терен  во Спорскиот центар  „Јане Сандански”-Скопје.

На овој дуел скопската публика ќе може да го погледне тимот составен за новата сезона, а особено интересно ќе биде да се види деби настапите на неколкумина новајлии во нашиот состав. прв меч во светиот црвено-црн дрес се очекува да имаат шпанецот Кањелас, бразилскиот пикер Фериера и црнoгорскиот репрезентативец Вуко Борозан играч кој беше најефикасен во нашиот тим за време на подготвителната фаза. Со истиот противник покрај тоа што сме ривали во регионалната лига ќе ни се вкрастат патиштата и во ЕХФ Лигата на шампионите каде овој тим е дел од Групата-Б во која е РК Вардар. Ќе видиме во вторник доколку дебитираат новите засилувања како истите шпанскиот стратег на нашата клупа го воиграл со остатокот од тимот, воедно ќе може да видиме и како и дали се пополнети “празнините“ во составот по заминувањето на неколкумина лански првотимци. Чупиќ исто така е дел од засилувањата, но неговото дерби најверојатно ќе треба да го сочекаме во иднина.