Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Јаковчевска: “Јуниор Лигата“ ми помогна да се искачам една скала погоре и да бидам дел од ракометниот клуб на Вардар

Ива Јаковчевска: “Јуниор Лигата“ ми помогна да се искачам една скала погоре и да бидам дел од ракометниот клуб на Вардар

Зад нас е првата успешно реализирана година од големиот ракометен проект на машкиот и женскиот црвено-црн колектив вардаровата “Јуниор лига“. Во истатата се натпреваруваат дечињата во машка и женска конкуренија во повеќе возрасни категории од вардаровите регионални ракометни школи. Школите учествуваат со свои екипи во оние генерации каде имаат доволно играчи за составување тим, а во одредени генерации каде има помал фонд на играчи се формираат тимови т.н “Академија“ во кои се спојуваат играчи од иста возраст од неколку школи со цел напредок и создавање идни членови за вардаровите екипи. Се очекува во новата сезона да се зголеми бројот на ракометни школи во академијата на Вардар и да гледаме поквалитетни натпревари. Најдобрите играчи од првата сезона веќе се приклучија во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Една од нив е Ива Јаковчевска која во новата сезона ќе настапува за пионерките на Вардар, под водство на тренерите Билјана и Драгана Пецевска.

-Јас започнав да играм ракомет од 2014 год. Започнав да тренирам во ракометниот клуб Вардар- Кисела Вода. Поттик за да тренирам ракомет ми беше дружтвената и борбена игра што ја нудеше самиот спорт. “Вардар Јуниор Лигата“ со самите услови што ги нуди многу повеќе придонесе да го засакам спортот. “Вардар Јуниор Лигата“ ми помогна да се искачам една скала погоре и уште повеќе да се вклопам во тимската игра. Првата сезона во лигата помина успешно благодарение на тренерот Влатко Котески. Од резулатите на игрите во “Јуниор Лигата“ можам да кажам дека сум задоволна, но секогаш се може повеќе.

Токму Јуниор лигата им ја даде првата можност да стигнат до поголемо ниво во својата играчка кариера.

-Со многу напорни тренинзи и голема желба да бидам дел од пионерската група на РК Вардар бев повикана на селектирање. Бев многу изненадена бидејќи ова за мене е голем успех. Веќе се вклопив во новата средина, и од следната сезона очекувам да дадам се од себе како член на Вардар, изјави Ива Јаковчевска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски