Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар СЦЈС ги заврши подготовките во Маврово

ЖРК Вардар СЦЈС ги заврши подготовките во Маврово

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС ги заврши осумдневните подготовки во Маврово и од вчера се наоѓа во Скопје, каде во следниве два дена девојките ќе бидат поштедени од тренинзи. Подготовките поминаа одлично, а најаважно е што нема повреди на играчи. Во утринскиот дел се работеше на физичка подготовка, во теретана или пак трчање, додека попладне се тренираше во сала. Екипата претстојуваше во хотел Бистра, каде условите беа одлични. Немаше контролни мечеви со други екипи, само меѓу себе се воигрувавме и испробувавме различни варијанти во играта. Во наредниот период планирани се неколку пријателски натпревари, со противници кои дополнително ќе бидат познати. Вкупно 20 ракометарки беа дел од подготовките во Маврово. Меѓу нив се и младинките Николовска. Божиноска, Георгиевска, Станикевска и Мицевска.

Целта во новата сезона е да стигнеме подалеку во Челинџ купот и да го одбраниме вицешампионското место во супер лигата.