Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарова сабота! Утре мечеви имаат: Ракометарите, ракометарките, кугларите и кошаркарите на Вардар
Вардарова сабота! Утре мечеви имаат: Ракометарите, ракометарките, кугларите и кошаркарите на Вардар

Вардарова сабота! Утре мечеви имаат: Ракометарите, ракометарките, кугларите и кошаркарите на Вардар

Утре голем дел од колективите во црвено-црното семејство ќе забележат свој настап на спортските борилишта. Свои мечеви закажано за утре сабота, 06/02/2016 имаат : Ракометарите, ракометарките, кугларите и кошаркарите на Вардар. Утре дефинитивно е вардарова сабота.

Ракометарите на Вардар  заминаа на  мала турнеја, која ќе започне во Бања Лука денес, а потоа се заминува за Хрватска каде наш противник утре во сабота ќе биде секогаш незгодниот тим на Нексе, кој последниве неколку години е втор најдобар тим во Хрватска. На натпреварот одигран во Скопје, успеавме “тесно“ да победиме со резултат 31:28. Овој натпревар во сабота ќе се одигра со почеток од 19 часот. Вардар го држи врвот на табелата во СЕХА заедно со екипата на Веспрем, со која имат идентичен број на освоени 34 бодови.

ЖРК Вардар-Викендов по паузата во ЕХФ лигата на шампионките, на програмата е третото коло од главната групна фаза во ова најквалитетно ракометно натпреварување за дамите. Вардарки дома го пречекуваат тимот на Шведскиот шампион Савехоф кој е “фенерџија“ во групата,  без освоен бод и е без шанси за пласман во следната елиминациска рунда. Црвено-црните на овој меч ќе ги води од клупата Индира Кастратовиќ која нема да ја има помошта на Јан Питлик, тој и клубот  се договорија за спогодбено раскинување на договорот за соработка.

Кошаркарскиот клуб  Вардар ја почнува пролетната сезона исто така во сабота, тие  по одиграните девет кола  зимска пауза  ја минаа на втората позиција од табелата. Нашиот црвено-црн кошаркарски колектив има 15 освоени бода во досегашниот дел од сезоната во втората кошаркарска лига. Првиот меч за црвено-црните е на домашен терен со тетовски КК Тетекс на 6 февруари во малата сала при С.Р.Ц “Кале“. Во првиот дуел со овој противник вардарци на гости во Тетово однесоа победа со 81-93.

Кугларскиот клуб Вардар колектив веќе во сабота на шести февруари ќе отпочнe со натпреварување во вториот дел од Македонската кугларска лига во кој влегуваат како “Есенски шампиони“ и атакуваат на лидерското место на табелата да го задржат до крајот на сезоната. Во сабота ни гостува екипата на кугларскиот клуб Хераклеа која доаѓа од Битола.