Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Ѓорѓиевски: Задоволен сум од прикажаната игра, но најбитно е тоа што моите соиграчи имаат меѓусебна доверба на теренот
Филип Ѓорѓиевски: Задоволен сум од прикажаната игра, но најбитно е тоа што моите соиграчи имаат меѓусебна доверба на теренот

Филип Ѓорѓиевски: Задоволен сум од прикажаната игра, но најбитно е тоа што моите соиграчи имаат меѓусебна доверба на теренот

Фк Вардар генерација родени “2003“ година е една од најуспешните категории кои се натпреваруваат во детската лига. Оваа екипа чиј тренер е Ане Андовски има максимален учинок на освоени бодови, во есенскиот дел од сезоната. Забележаа вкупно десет победа, со неверојатна гол разлика од 54 постигнати и само еден примен гол во својата мрежа. Беа остварени победи и во дерби дуелите со екипите на Металург и Македонија Ѓ.П, додека имавме триумфи изразени и со двоцифрен број на постигнати голови.

-Добрата игра што ја покажавме во есенскиот дел од детската лига резултираше со ниту еден нерешен резултат, ниту пак пораз. Завршивме убедливо на првото место на табелата, постигнувајќи 54 голови а примен само еден погодок. Јас сум многу задоволен од прикажаната игра, но најбитно е тоа што моите соиграчи имаат меѓусебна доверба на теренот.

Листата на најдобри стрелци во оваа генерација ја предводат Филип Ѓорѓиевски и Александро Прелоговски, кои постигнаа по 7 голови.

-Првиот дел од сезоната го доживеав храбро и мотивирно, сепак успехот се должи на нашиот тренер Ане Андовски, кој ни наметна победнички ритам. Исто така задоволен сум од мојот придонес за добрите резултати на екипата. Веќе напорно тренираме, подготвувајќи се на тој начин за предизвиците кои ни претстојат во пролетниот дел од сезоната во детската лига, изјави Филип Ѓорѓиевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски