Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор одигра добро само едно полувреме со Железничар
Вардар Јуниор одигра добро само едно полувреме со Железничар

Вардар Јуниор одигра добро само едно полувреме со Железничар

Тимот  на  Вардар Јуниор кој од клупата е предводен од Пепи Манасков се наоѓа во Србија, каде одиграа контролни натпревари со екипите на Црвена Ѕвезда и Железничар од Ниш. Во првиот закажан пријателски дуел  вардарци беа поразени од Црвена  Звезда со  35:25. На вториот контролен натпревар во Србија  против екипата на Железничар од Ниш, екипата  на Јуниор беше поразена  со резулат 29-24.

Ракометарите на Јуниор  играа добро во првото полувреме,  во кое  имаа и водство и на одмор се замина со  14-13 . Сепак уморот  од мечот со Црвена Звезда кој се играше во Вршац, беше  причина што попуштија со нивото на игра. Младите вардарци  се подготвуваат за продолжението од  домашното првенството, првиот  меч од супер лигата е закажан за 12 март против Рк Тинекс Пролет 62. Манасков им даде шанса и на повеќето играчи кој беа на клупата на овој дуел со цел подигање на натпреварувачката форма кај целиот тим.

Вардар јуниор: Чаневски (4 одбрани), Ивановски (9 одбрани), Манасков 1, Вујачиќ 3, Чурлевски 4, Тренчевски 3, Спасовски, Арсеновски 2, Ристов 3, Давитковски 2, Јовчевски 4, Поповски 1, Ангелов, Симиќ 1, Ѓорѓиевски 1.