Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Васоски: Мотивирани сме за да победиме на овој дерби меч
Васоски: Мотивирани сме за да победиме на овој дерби меч

Васоски: Мотивирани сме за да победиме на овој дерби меч

Во недела на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари на програмата е фудбалското дерби од 28.коло во ПМФл помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Екипата од Тетово има висока предност од 12 бодови на табелата, додека црвено-црните ќе се обидат да стигнат до својата прва победа оваа сезона во дуелите со Шкендија. Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски за официјалниот сајт на клубот ги изнесе своите очекувања за овој дерби дуел.

„Последен дерби натпревар за оваа сезона, ние сакаме да ја оствариме првата победа и мислиме на тоа. Мотивирани сме да дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Нема да се навраќаме на она што се случуваше во изминатите два меѓусебни натпревари, туку ќе мислиме само на недела“.

Вардар во минатото коло „прокоцка“ победа против А.Пандев, па Васоски се надева дека грешките нема да се повторат и во недела.

„Ако против Академија Пандев имавме многу шанси кои не ги искористивме, и со тоа не дојдовме до победа, тогаш на овој натпревар ќе треба да се користи секоја шанса која ќе ни се пружи. Очекувам момците да го дадат максимумот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа“

Васоски очекува стадионот да биде исполнет за неделното дерби, на моментално двете водечки екипи во лигата.

Станува збор за дуел на двете најдобри екипи во моментов, и тоа нека биде доволен мотив за публиката да дојде во што поголем број во недела“