Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Вака не се носи дресот на Вардар!
Васоски: Вака не се носи дресот на Вардар!

Васоски: Вака не се носи дресот на Вардар!

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски никако не може да биде задоволен од изданието на фудбалерите на овој контролен натпревар. Тој го искажа своето мислење после натпреварот.

„Загубивме убедливо во два натпревари по 60 минути, во кои одигравме со различни состави. Нормално дека не сум задоволен од мојата екипа ниту во првите, ниту во вторите 60 минути. Одигравме многу лошо, одигравме без залагање, без идеја. Вака не се носи дресот на Вардар. Ова ни беше последен натпревар пред почетокот на првенството, и јас се надевам и искрено посакувам овој меч да ни послужи како еден вид лекција, и се надевам дека нема да ги повторуваме истите грешки во првенствените натпревари“, рече Васоски по завршувањето на мечот со Академија Пандев во Струмица. 

Вардар на денешниот дуел настапи без најновото засилување Даниел Аврамовски и без Хуан Фелипе кој утре ќе биде претставен како нов играч.