Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Slider > Ален Ќосевски постигна 20 гола во триумфот на Вардар Јуниор, на дуел од младинската лига против Прилеп
Ален Ќосевски постигна 20 гола во триумфот на Вардар Јуниор, на дуел од младинската лига против Прилеп

Ален Ќосевски постигна 20 гола во триумфот на Вардар Јуниор, на дуел од младинската лига против Прилеп

Екипата на Вардар Јуниор триумфираше на денешниот меч од младинската машка ракометна лига во групата 2, против екипата на Прилеп 2010. Мечот се одигра во С.Ц. Јане Сандански и заврши со триумф на црвено-црните со резултат 43:26.

Почетокот на мечот им припадна на гостинскиот тим, кој во три наврати беше во предност, а последното беше при резултат 3:4. Од тие моменти избраниците на Петрушевски и Манасков го диктираа темпото на игра и имаа контрола на резултатот. Набрзина постигнаа три последователни голови и поведоа со 5:4. Во следните две минути се играше гол за гол, а последното израмнување на овој дуел се случи при резултат од 6:6. Црвено-црните направија за прв пат на овој меч серија од 6:0 и се одлепија на водство од 12:6. Одлично игравме во одбраната во овој дел од натпреварот, со што стигнавме до солидна предност. Водството на вардарци само растеше и до крајот на првото полувреме достигна и двоцифрена предност. Прилеп за момент ја прекина лошата серија, постигна гол за намалување на 12:7, но Вардар Јуниор повторно прави серија од 4:0 и зголемува на 16:7. Намали во еден момент гостинскиот тим на 18:10, но во последните пет минути од првиот дел, Вардар Јуниор со серија од 4:2 замина на полувреме со убедливи 22:12.

И во второто полувреме гледавме голем број на погодоци. Во најголем дел од вториот дел имавме предност која се движеше од 11-13 голови разлика, до моментот кога Вардар Јуниор со серија од 6:1 се одлепи на највисоки 39:22. Се беше познато на овој меч, на крајот рутинска победа за Вардар Јуниор, изразена со резултат 43:26.

Интересно леворакиот играч, Ален Ќосевски беше најдобар стрелец кај вардарци, постигнувајќи дури 20 голови.

Вардар Јуниор: Јанковски, Кукуловски 4, Нанов 1, Постолов 2, Карапалевски 2, Кизиќ, Петковски, Ќосевски 20, Ангелковски, Шкриељ 2, Чакалиќ 3, Трајковски 2, Анѓеловски, Ѓорѓиев 2, Атанасовски 5. 

Ова беше шестти триумф сезонава за младинците на Вардар Јуниор, додека прв во пролетниот дел од сезоната.